Нигериецот Рашид Содик е ново засилување за Работнички

Нигерискиот интернационалец Рашид Содик е најновото засилување за Работнички. Тој треба да претставува сериозно засилување за одбранбениот бедем во составот на Милан Илиевски.

Рашид Содик потпиша двегодишен договор со Работнички и од утре се вклучува во тренажниот процес на тимот.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на Работнички. Кога пристигна понудата, воопшто не се двоумев. Добро знам какво е педигрето на овој клуб во македонскиот фудбал. Се надевам дека ќе дадам придонес во остварување на целите на клубот во наредниот период“, изјави Рашид Содик.

Тој добро ја знае состојбата во македонскиот фудбал, со оглед дека минатата сезона беше член на ФК Скопје, за кој одигра 16 натпревари.

Рашид Содик кариерата ја почнал во нигерискиот клуб Ремо Старс, а за првпат во Европа пристигна во редовите на норвешкиот клуб Фремад Амагер. Има настапувано и за Аланија Владикавказ и за Виста Геленѕик.

Се вчитува...