Нигерија е прв полуфиналист на Африканскиот куп на нации (ВИДЕО)

Фудбалерите на Нигерија се првите полуфиналисти на Африканскиот куп на нации откако вечерва во четвртфиналниот дуел славеа над репрезентацијата на Ангола со минимални 1-0.

Двете репрезентации одиграа еден интересен натпревар, во кој иако Нигеријците на хартија беа фаворити, Ангола и тоа како скапо ја продаде кожата. Клучниот момент во мечот се случи во 41. минута кога Адемана Лукман го постигна погодокот вреден полуфинале.

Нигерија на крајот можеше да стигне и до поубедлива победа, но погодокот на Осимен за 2-0 во 75. минута беше поништен по проверка на ВАР поради офсајд. Во полуфиналето Нигерија го очекува подобриот од дуелот меѓу Зеленортски Острови и Јужна Африка.

Nigeria [1] – 0 Angola – Ademola Lookman 41‎'‎
byu/MarcoRuss insoccer

Се вчитува...