Нигерија имаше 3-0, па се „тресеше“ за триумфот над Тунис (ВИДЕО)

Дека понекогаш ниту 3-0 не е сигурен резултат за сигурна победа покажа вечерва дуелот помеѓу Нигерија и Тунис, кој на крајот заврши 3-2 во драматична завршница во која Тунижаните успеаја да се вратат од „мртвите“ и да се борат за бод во финишот.

А, ништо не навестуваше такво нешто до 67. минута од средбата. Најпрво Осимен во 44. минута на асистенција на Лукман успеа да погоди и да донесе предност. Во 50. минута нова асистенција на Лукман, а погодува Ндиди. Во 67. минута Лукман ја заокружува блескавата партија со погодок за 3-0.

Сепак, Талби во 74. минута и Абди од пенал во 87. минута придонесоа за драматична завршница и можност на Тунис да се бори да остане непоразен, и покрај убедливата предност на Нигерија. Прекрасна шанса имаа Тунижаните во финишот, но топката заврши за малку крај голот по обидот на Саси, со што Нигерија успеа да ги освои бодовите.

Нигерија со оваа победа обезбеди место во следната фаза, со оглед дека ова беше нивната втора победа, додека Тунис е на втората позиција со три бода.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...