Нигерија остана без важен играч за СП

Репрезентацијата на Нигерија се соочува со голем проблем на петнаесетина дена до стартот на СП 2018 откако стандардниот првотимец Мозес Симон заработи незгодна повреда. Станува збор за крилен офанзивец на Гент кој е прва опција на селекторот Гернот Рор, а според нигериските медиуми нема никакви шанси Симон да се рехабилитира навреме за настап на мундијалот.

„Точно е, Симон е повреден и ќе мора да паузира најмалку 20 дена. Јасно е дека тој нема да може да настапи на претстојниот мундијал, што е удар за нас бидејќи станува збор за играч кој беше стандарден првотимец во текот на квалификациите“ – изјави селекторот Рор, не зрачејќи притоа со преголем оптимизам.

Нигерија е дел од групата Д на претстојниот светски шампионат, каде за противници ќе ги има селекциите на Хрватска, Исланд и на Аргентина.

Се вчитува...