Нигерија со провокација до Јанис: Сети се кога ја победивме Грција

Грчкиот репрезентативец со нигериско потекло и еден од најдобрите кошаркари на денешницата Јанис Адетокумбо ќе ја предводи својата земја на Евробаскет 2022.

Тој на својот профил објави фотографија во дресот на репрезентацијата на Грција заедно со неговите тројца браќа, а на фотографијата следуваше одговор од официјалниот профил на кошаркарската репрезентација на Нигерија.

Тие споделија видео од 2012 година кога во квалификациите за ЛОИ во Лондон Нигерија ја победи Грција.

 

Се вчитува...