Фудбалската репрезентација на Нигерија денеска требаше да одигра квалификациски натпревар во Африканскиот Куп на Нации против Либија, но натпреварот нема да биде одигран поради бојкотот од страна на нигериските фудбалери кои преку социјалните мрежи открија дека биле жртви на нечовечки услови и вистинско изживување од властите во Либија.
Натпреварот беше предвидено да биде одигран во Бенгази, град кој има свој аеродром и било предвидено нигериската делегација да слета на него, но во последен час истиот бил пренасочен кон Ал Абрак каде Нигеријците биле принудени повеќе од 16 часа да минат на еден од терминалите без храна и вода.
Фудбалерите спиеле на столчињата на аеродромот и го искажаа сиот свој бес преку официјално соопштение, во кое се вели дека едногласно донеле одлука денес да не се појават на теренот.
“We have decided we will NOT play this game” ❌
William Troost-Ekong, Nigeria Captain, has revealed the team’s intentions to boycott their upcoming AFCON qualifier after the team were left stranded in an airport in Libya. pic.twitter.com/qW2x5RWCFl
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 14, 2024
Поддршка за сонародниците испрати и ѕвездата Виктор Осимен, фудбалерот на Галатасарај кој беше поштеден од настап во овој квалификациски циклус.
„Разочаран сум од нефер третманот кој го доживеале моите браќа и сите тренери од нашиот тим. Се соочуваат со навистина тешки услови од вчера на аеродромот во Либија. Акции како овие се против спортот и не покажуваат никаков знак на фер-плеј. Цела моја поддршка за моите браќа и за тимот, знам дека ќе останат силни и сплотени.
Ја повикувам африканската фудбалска Конфедерација да интервенира, бидејќи моите соиграчи се уште се заглавени на аеродромот во Либија. Ова е невидено и нечовечки“, пиша Осимен.
🚨🇳🇬 The Nigeria squad were completely stranded in a airport in Libya for over 16 hours. There was NO food and drink available either. (@PoojaMedia) pic.twitter.com/cNo2CdBZ8D
— EuroFoot (@eurofootcom) October 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА