Нијаз Јусуфи од Вардар се сели во Динамо Тирана

Младиот вардаров фудбалер Нијаз Јусуфи својата кариера ја продолжува најверојатно во албанскиот прволигаш Динамо Тирана.

20-годишниот офанзивен фудбалер од средниот ред е уште еден во низата кој оваа зима го напушта клубот, и веќе е пред договор за трансфер во Динамо Тирана.

Јусуфи, кој претходно мина и низ младинската школа на Вардар, не доби многу шанса во есенскиот дел од сезоната поради што сега следи одлуката за напуштање на тимот.

Се вчитува...