Ник Калатес по осум години го напушти Панатинаикос

Ник Калатес го напушти Панатинаикос, потврдија од грчкиот клуб. Тој во редовите на „зелените“ од Атина ги мина претходните осум години, период кој беше лидер на тимот. Калатес е на праг на премин во Барселона со која треба да потпише тригодишен договор.

Минатата сезона грчкиот репрезентативец на Евролигата на 28 одиграни средби просечно бележеше по 13,3 поени, 9,1 асистенција и 4,9 скока. Покрај Панатинаикос за кој настапуваше и во периодот од 2009 до 2012 година, Калатес играше и во Локомотив Кубан, пред двогодишната авантура во НБА лигата каде беше дел од Мемфис Гризлис.

Со репрезентацијата на Грција го освои бронзениот медал на Европското првенство во 2009 година.

Се вчитува...