Ник Кирјос го откажа настапот на Вилмблдон. Австралиецот со грчко потекло кој претходната сезона настапи во големото финале каде се сретна со Новак Ѓоковиќ како причинa наведе повредата која го мачи во текот на целата сезона.
Кирјос по операцијата на левото колено во јануари настапи на само еден натпревар на кој претходниот месец триумфираше против Кинезот Ју Јибинг во Штутгарт, а и покрај очекувањата за настап на грен-слемот во Велика Британија тој вели дека се соочил со дополнителен проблем кој не успеал да го надмине.
„Тажен сум, но морам да се повлечам од Вимблдон оваа година. Во процесот на рехабилитација почуствував болка во зглобот додека бев во Мајорка и од претпазливост направив скен на кој се покажа кинење на лигаментот на зглобот. Пробав да направам се за да настапам на Вимблдон, но немав доволно време. Ќе се вратам посилен, и како секогаш им благодарам на фановите за поддршката“, стои во објавата на Кирјос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

