Ник Кирјос за гостопримството на Федерер: Тој е најскржавиот спортист, ме покани во Швајцарија и…

Ник Кирјос раскажа интересна анегдота со неговото патување во Швајцарија на покана на Роџер Федерер.

Австралиецот добил покана од Роџер да му помогне во тренинг-кампот во Швајцарија. Федерер сакал да вежба против добар сервер, па го поканил Кирјос во неговиот камп на две недели во Швајцарија.

Кирјос очекувал убава дружба и пријателство со Роџер, но реалноста била сосема поразлична од онаа што ја замслувал.

„Ме покани да бидам негов гостин и да тренираме, и мислев дека ќе добијам една соба во неговата вила или дека ќе бидам во некој квалитетен хотел. Но, ме заглави во хотел со три ѕвездички… Ви-фи катастрофа, хотелот беше на некоја улица со неверојатна галама, не ни можев да се одморам, типот беше само три часа на ден со мене а потоа игнорирање…“ – раскажа Кирјос.

Но, на прашањето што ќе запамети од Швајцарија, Кирјос категоричен…

„Храната. Храната е одлична, шпагетите ‘Болоњезе’ се нешто врвно“ – низ смеа коментира Кирјос.

Се вчитува...