Ника Превц доминантно до големиот кристален глобус во ски-скокови

Ника Превц триумфираше на ски-скокалницата во Осло, со што на Словенија и го донесе вториот кристален глобус во женска конкуренција во Светскиот куп.

Тинејџерката од Крањ во првата серија скокна 131 метар, додека во втората беше послаба за еден метар. Тоа и беше доволно да постигне 254,1 поен и да стигне до 19. победа во кариерата, 12. оваа сезона.

На Ника Превц и беа доволни и само 45 поени да стигне до големиот кристален глобус, но таа на маестрален начин со победа ја потврди доминацијата оваа сезона која ја круниса и со два златни медали на неодамна завршеното Светско првенство во Трондхајм.

Се вчитува...