Никаидо триумфираше во Инсбрук, Домен Превц се поблиску до „Златниот орел“

Јапонскиот ски-скокач Рен Никаидо го освои првото место на третата станица од Трката на четири скокалници, што се одржа денес во Инсбрук.

Никаидо ја прекина победничката серија на Словенецот Домен Превц и го забележа својот прв триумф на еден од четирите престижни скокови во рамките на новогодишната турнеја. До победата стигна со скокови со вкупна 276,5 поени, од кои најдолгиот беше 131 метар.

Превц го заврши натпреварувањето на втората позиција со само 0,5 поени помалку, додека третото место го освои домашниот натпреварувач Штефан Ембахер со 275,8 поени. Друг Австриец, Јан Херл, беше четврти со 269,6 поени.

Во вкупниот пласман на Турот, Превц сè уште води со 619,8 поени. На второто место е Херл со 584,8, додека Ембахер ја зазема третата позиција со 578,3 поени.

Последниот јапонски победник на натпреварот во Инсбрук беше Рјоју Кобајаши во 2022 година, кога го освои и трофејот „Златен орел“. Следната станица од турнејата „Четири скокалници“ во Бишофсхофен. 

Се вчитува...