Поранешниот првак во Мото ГП шампионатот, Ники Хејден, се наоѓа во критична состојба по сообраќајната несреќа што е случила во италијанскиот град Римини, кога автомобил налетал на група од петнаесетина велосипедисти.
Најлошо од сите минал токму американскиот мотоциклист, кој се здобил со тешки повреди на главата и градниот кош, по што врз него е извршен итен хируршки зафат во клиниката во Римини.
Американецот беше дел од Мото ГП шампионатот од 2003 до 2015 година, настапувајќи за Хонда и за Дукати, а најгоолемиот успех го оствари во 2006 година, кога стигна до шампионската титула пред Валентино Роси.
Во последните две години тој се натпреварува во „Супербајк“ шамионатот, каде лани го освои петтото место во генералниот пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА