Ники Лауда излезе од болница, по успешната трансплантација на белите дробови

Легендарниот Ф1 возач, Ники Лауда, е пуштен на домашно лекување по успешната трансплантација на белите дробови. По повеќе од два и пол месеци престој во клиниката во Виена, 69-годишниот Лауда доби дозвола од лекарите да замине дома, каде ќе продолжи со рехабилитацијата.

„Ники Лауда е пуштен на домашно лекување, неговата здравствена состојба е стабилна, но како и сите други пациенти доби препорака да внимава и понатаму на своето здравје“, соопштија од Клиничкиот центар во Виена.

Неговиот брат Флоријан истакна дека Ники Лауда се чувствува добро по успешниот оперативен зафат.

„Тој е добро, постојано зборува на телефон и ги следи редовно Ф1 трките“, истакна Флоријан Лауда.

Ники Лауда беше опериран на 2 август, откако лекарите проценија дека му е потребна трансплантација на белите дробови, поради значително запушување на алвеолите.

 

Се вчитува...