Легендарниот Ф1 возач и трикратен светски првак Ники Лауда, кој во моментов е директор во Мерцедес, порача раководството на Формула 1 да ја преиспита одлуката за отстранување на секси девојките кои низ историјата станаа заштитен знак на патеките во пресрет на стартот на трките, разубавувајќи ги и пит-стоповите на Ф1 тимовите. Тој одлуката ја нарече „глупава“.
„Ова е всушност одлука против жените. Кој мисли дека со ова прави добро за женскиот пол? Ова не е добро и за Формула 1, но и за жените во целина. Како може да бидат толку глупави и да мислат дека сега Формула 1 ќе биде феминистички настроена. Поголема глупост не сум слушнал во животот, а имам 68 години“, изјави Ники Лауда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА