Искусниот хрватски голгетер, Никица Јелавиќ, кој моментално го носи дресот на Пекинг Рехне, во текот на на наредните денови би требало да биде претставен како ново засилување за хрватскиот прволигаш Ријека.
Според медиумите од Хрватска, тој се наоѓа во завршни преговори со челниците на овој клуб и се очекува набрзо да го облече дресот на оваа екипа.
Јелавиќ во својата кариера настапуваше за Хајдук, Зулте Варегем, Рапид Виена, Ренџерс, Евертон, Вест Хем, Хал сити, а од минатиот февруари настапува во кинеското првенство, каде одигра на 29 натпревари и 16 пати се запиша во листата на стрелците.
Челниците на Ријека се свесни за искуството што го има Јелавиќ во своите нозе и сигурно ќе биде квалитетно засилување за напаѓачката позиција. Во Ријека, настапуваат двајцата македонски репрезентативци, Стефан Ристовски и Леонард Жута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА