Нико емотивно: Златен медал за мајка ми, таа е побрза од мене… ја претрча Сахара за да побегне од смртта

Нико Вилијамс беше едно од откровенијата на ЕВРО 2024 откако шпанскиот репрезентативец одигра беспрекорно цел шампионат, крунисувајќи го настапот со гол во големото финале против Англија.

Веднаш по мечот Вилијамс го стави златниот медал околу вратот на својата мајка, по што не ги криеше емоциите и гордоста за сето она што таа го направила за себе и за семејството.

„Јас трчам навистина брзо, но но не толку брзо како мајка ми. Таа побегна од смртта, ја мина Сахара за да дојде од Гана во Шпанија. И го дадов медалот затоа што таа го заслужува повеќе од мене“, прокоментира Нико Вилијамс.

Се вчитува...