Трејдот со кој Лука Дончиќ отиде од Далас во Лос Анџелес Лејкерс се случи пред три недели, а се појавија нови детали за целата ситуација. Според „Атлетик“, генералниот менаџер Нико Харисон му се обратил на тимот ден по трејдот и го објаснил потегот за размена на Дончиќ за Ентони Дејвис.
Потоа им порача дека целта останува иста, освојување на титулата.
„Приватно и јавно Харисон кажа дека го трејдувал Дончиќ затоа што верува дека има поголеми шанси за титулата со Дејвис. Харисон верува дека Дејвис подобро одговара на теренот во она што Далас сака да го изгради“, пишува „Атлетик“.
Исто така, кондицијата на Дончиќ беше голем проблем и Мевс дури се обидуваа да ги сокријат неговите проблеми со килограмите. Се наведува и дека Далас никогаш сериозно не размислувале да му понудат на Словенецот супермакс договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

