Новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач, имаше победничко деби на клупата на баварскиот гигант. Фудбалерите на Баерн Минхен славеа против Пари Сен Жермен со 3-1 во рамките на интернационалниот Куп на шампионите.
Баерн Минхен, сепак, во својот состав имаше многу поискусни фудбалери, меѓу кои и Робен, Рибери, Хави Мартинез. На голот на ПСЖ беше Џанлуиџи Буфон, но тимот на „светците“ ниту од далеку не наликуваше на оној со кој ќе располага Томас Тухел во претстојната сезона, со оглед дека репрезентативците кои играа на СП се уште се на летен одмор.
Хави Мартинез, Ренато Санчез и младиот Џошуа Зиркзе беа стрелци на головите за Баерн Минхен, додека ПСЖ поведе со голот на Тимоти Веа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА