Нико Ковач добива нов договор од Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд е презадоволна од водењето на тимот од страна на храватскиот стратег Нико Ковач. Тој не некој на кој клубот гледа како идеална личност за градење на тимот во иднината па се очекува да добие и нов договор.

Преговорите се очекува интензивно да започнат на есен, а постои само една дилема. Дали истиот ќе биде со важност до 2027 година со автоматско продолжување на договорот за дополнителна сезона доколку биде остварен успех или пак до 2028 година со автоматски раскин на соработката доколку не биде забележан успех.

Ковач го превзема германскиот клуб на крајот на месец јануари во лоша состојба. Борусија Дортмунд беше на 11. место во Бундеслигата, а Хрватот успеа да ја прероди завршувајќи на место кое носи квалификации за Лигата на Шампиони. Покрај тоа во најелитното европско фудбалско натпреварување беше мината осминафиналната пречка, но германскиот тим преживеа четвртфинална елиминација од Барселона.

Се вчитува...