Нико Ковач го носи Модриќ во Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен сака во своите редови да го доведе капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ. Тој одигра фантастично на првите два натпревари ма Светското првенство, а и претходно беше еден од најзаслужните што Реал Мадрид стигна до 13.титула европски првак. Новиот тренер на баварскиот клуб, неговиот сонародник Нико Ковач, го посакува како големо засилување во средниот ред.

Модриќ има 33 години и ова може да биде неговиот последен голем трансфер во кариерата. Иако има договор со „кралевите“, се најавува негово можно заминување. По доаѓањето на Хулен Лопетеги, се шпекулира дека Тијаго Алкантара од Баерн Минхен би можел да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Во спротивен правец може да замине Лука Модриќ, за сума од околу 60 милиони евра.

За Модриќ е заинтересиран и неговиот поранешен клуб, англискиот премиерлигаш Тотенхем, но секако последниот збор ќе го има раководството на Реал Мадрид и новиот тренер Лопетеги.

Се вчитува...