Нико Ковач го продолжува договорот со Борусија Дортмунд

Хрватскиот стратег Нико Ковач ќе го продолжи договорот со Борусија Дортмунд и во следната сезона. Според германскиот весник „Билд“, управата на клубот е задоволна од неговата работа, па тоа е и повеќе од доволно за продолжување на верноста.

Во последниот меч од Бундеслигата, Борусија Дортмунд славеше на домашен терен со 3-2 против Борусија Менхенгладбах. Со таа победа, „црно-жолтите“ се доближија на само два бода до шестата позиција, која обезбедува настап во европските купови следната сезона.

Нико Ковач беше ангажиран по заминувањето на Нури Шахин, кој доби отказ по очајниот старт на сезоната.

Се вчитува...