Хрватскиот тренер Нико Ковач наскоро би можел да стане нов тренер на Борусија Дортмунд. Членовите на бордот на Борусија сакаат да го доведат Ковач како замена за Нури Сахин, кој беше отпуштен во средата.
Германските медиуми пренесуваат дека челниците на Борусија одлетале за Салцбург на тајна средба, со намера да постигнат договор со 53-годишниот Хрват за краткотраен ангажман.
Германските медиуми пренесуваат исто така дека „милионерите“ гледаат резервна опција во Данецот Мајк Тулберг, кој е тренер на младинскиот тим на Борусија. Ковач целата своја кариера ја помина во Германија, додека како тренер работеше во Ајнтрахт, Баерн и Монако, а беше и селектор на Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА