Нико Ковач со тимот на Ајнтрахт ќе биде противникот на Баерн Минхен во финалето од Купот на Германија, откако хрватскиот стратег вечерва славеше на тешкото гостување против Шалке со 0-1. Ковач беспрекорно ја постави тактиката на Ајнтрахт и победи со голот на Јовиќ во 75. минута, добивајќи можност да ја заврши сезоната со дуел против клубот каде од јули ќе ја продолжи својата тренерска кариера.
Шалке има за што да жали бидејќи домаќините во 94. минута домаќините постигнаа гол за израмнување преку Ди Санто, но истиот беше поништен поради играње ссо рака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА