Сегашниот тренер на Борусија Дортмунд, Нико Ковач ќе биде богато награден за успесите во финишот од Бундеслигата, и пласманот на крајот во Лигата на шампионите.
Хрватот дојде во таборот на „милионерите“ кога тимот беше на 11. место и во безизлезна ситуација. Меѓутоа успеа во последните осум кола да стигне до 22 бодови, и на крајот да заврши како четвртопласиран тим, и да обезбеди пласман во најелитното клупско европско натпреварување.
„Скај“ пренесува дека Борусија има намера да го награди тренерот. Не само што ќе добие нов договор кој би требало да биде до 2027 година, Ковач ќе добие и 1 милион евра за пласманот во Лигата на шампионите.
Самиот главен тренер ќе заработи 750.000 евра, додека другите пари одат кон неговите соработници, неговиот брат Роберт, и тренерот на голманите Филип Топаловиќ.
Поранешниот тренер на Волфсбург, Монако, Ајнтрахт и Баерн има договор со Борусија до крајот на следната сезона, но прашање е на време кога ќе биде продолжен на уште една.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

