Нико Ковач не сака ангажман во Борусија Дортмунд по секоја цена

Раководството на Борусија Дортмунд ја бара замената за Нури Сахин кој доби отказ по лошите резултати. Високо на листата на желби се наоѓа хрватскиот стратег Нико Ковач, но и покрај тоа што е „мета број еден“, преговорите за ангажман не се одвиваат во најдобар можен ред.

Со цел успешни преговори раководството на славниот германски клуб одлетало во Салцбург, но и покрај интересот на Хрватот постои голема пречка за официјализација на тренерскиот статус.

Тоа е долготрајноста на ангажманот. Борусија Дортмуд во Ковач бара спас на сезоната па му нуди краткотраен договор, но тој нема намера само „да го изгаси огнот“.

Ковач кој е роден во Германија има богато искуство во Бундеслигата како фудбалер, а потоа и како тренер предводејќи ги Ајнтрахт Франкфурт, Баерн Минхен и Волфсбург.

Се вчитува...