Нико Ковач: Ние европејците често мислиме дека само ние играме фудбал

По ремито без голови во дуелот со Флуминенсе, интересна изјава имаше тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач.

Покрај Дортмунд и Флуминенсе, во групата Ф на Светското клупско првенство се и Мамелоди Улсан.

„И теренот беше важен фактор на овој натпревар, тревата е поинаква од Европа. Мојот впечаток беше дека теренот беше многу мек и не многу сув, топката не се движеше како што сме навикнати. Мораме и можеме да живееме со овој резултат. Ние Европејците често мислиме дека само ние играме фудбал, но свесни сме дека има и големи клубови во Јужна Америка. Ја постигнавме минималната цел на овој натпревар и освоивме бод“, изјави Ковач. 

Се вчитува...