Нико Ковач носи засилување од Сити во Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Оскар Боб (22), треба да оди на полугодишна позајмица во Борусија Дортмунд во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми.

Двата клуба постигнаа договор за позајмица со опција за откуп на договорот за 30 милиони евра. Манчестер Сити е блиску до потпишување на напаѓачот на Борнмут, Антоан Семењо, кој оваа сезона брилира во Премиерлигата со осум гола и три асистенции.

Штом се реализира трансферот на Семењо, Манчестер Сити треба да даде зелено светло за позајмица на норвешкиот репрезентативец во германскиот клуб. Оскар Боб одигра 15 натпревари за Сити оваа сезона, а девет пати беше во почетниот состав. Тој постигна два гола во 16 настапи за норвешката репрезентација. Во последните два натпревари, тој не беше во конкуренција поради повреда.

Се вчитува...