Нико Ковач нов селектор на Австрија?

Поранешниот хрватски селектор Нико Ковач, се враќа во селекторските води откако е поврзуван со превземање на репрезентацијата на Австрија.

После тренирања на неколку клубови (Ајнтрахт, Баерн, Монако), сега е блиску да се врати на селекторската работа.

Австриските медиуми пишуваат дека Ковач е главен фаворит да го замени Франко Фода, кој си поднесе оставка по поразот од Велс во баражот за Мундијалот во Катар.

Главен противкандидат е Владимир Петковиќ, екс селекторот на Швајцарија и екс тренер на Лацио и на Бордо.

Се вчитува...