Нико Ковач презема германски второлигаш?

Хрватскиот стратег Нико Ковач е на чекор од преземање на второлигашот Хамбург, пренесуваат германските медиуми.

Според извори блиски до Ковач, тој преговара со Хамбург, но во меѓувреме чека поатрактивна понуда која би ги задоволила неговите амбиции.

Ковач доби отказ од Волфсбург во март по речиси две години поминати на клупата. Тој го предводеше клубот на 66 натпревари и постигна 23 победи, 17 нерешени и 26 порази.

Во текот на кариерата беше тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Баерн и Монако, а беше и селектор на хрватската У-21 и сениорска репрезентација. Купот на Германија го освои со Ајнтрахт, додека Бундеслигата и купот со Баерн Минхен.

Се вчитува...