Нико Вилијамс донесе одлука со која ги разочара фановите на Барселона

Нико Вилијамс нема да потпише за Барселона, барем не во овој преоден рок. Шпанскиот репрезентативец донел одлука да остане во Атлетик Билбао и во следната сезона, тврдат шпанските медиуми.

Вилијамс долго време е поврзуван со трансфер на „Ноу Камп“, со што Барса би го имала најдобриот крилен тандем Јамал – Вилијамс.

Оваа одлука целосно ги разочара фановите на Барселона, кои сметаа дека уште во овој преоден рок може да дојде до трансфер на фудбалерот, кој „блесна“ на ЕВРО 2024 и беше еден од најзаслужните за титулата на Шпанија.

Сега Барселона се врти кон купување на Дани Олмо од Лајпциг.

Се вчитува...