Барселона и Нико Вилијамс се решени да ги здружат силите. Всушност, крилниот напаѓач го информираше баскискиот клуб, преку својот агент, пред четири дена за својата желба да им се придружи на Каталонците.
Барса, од своја страна, пред една недела почна да прави пресметки за да се справи со плаќањето на откупната клаузула на играчот, која изнесува 58 милиони евра. Намерата на раководството, предводено од Жоан Лапорта, е да го финализира договорот следната недела. Но, играчот бара гаранции од Каталонците. Нико Вилијамс сака да биде сигурен дека Барса ќе може да го регистрира, бидејќи едно е да се плати откупната клаузула, а друго е Ла Лига да даде зелено светло за негова регистрација.
Вилијамс не сака да го доживува случајот со Дани Олмо во минатото, кој имаше проблеми со регистрацијата, па потоа чекаше во „5 до 12“ и „висеше“ дали ќе може да игра во втората полусезона. Сепак, тогаш проблемите беа надминати, па Шпанецот беше регистриран.
Лапорта претходно истакна дека не постојат никакви пречки во трансферот на Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

