Никогаш досадно кога играат Барса и Атлетико – Шест гола, еден еврогол, црвен картон, инциденти… (ВИДЕО)

Барселона и Атлетико Мадрид веројатно го одиграа најдобриот натпревар досега во 2022 година и приредија една неверојатна претстава на сите вљубеници во фудбалот. Домаќините на крајот стигнаа до полн плен триумфирајќи со 4-2 во дербито на 23. коло во Ла лига.

Натпрераот почна со водство на гостите со голот на Караско во 8. минута. Само две минути подоцна Алба со голот на годината израмни на 1-1, а потоа со погодоците на Гави, Араухо и Дани Алвес по 49. минути игра Барселона имаше големи 4-1.

На 4-2 намали Луис Суарез во 58. минута, по што следеше големата глупост на Дани Алвес кој по „крвничкиот старт“ над Караско доби директен црвен картон во 69. минута. Сепак, тоа не ги чинеше Каталонците кои успеаја да се одбранат и да стигнат до конечен триумф од 4-2.

 

 

 

Се вчитува...