Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Турција ги заврши квалификациите за ЕП 2024, како второпласирана обезбедувајќи билет за претстојниот европски шампионат што наредниот јануари ќе се одржи во Германија.
„Црвено-жолтите“ беа фаворити на овој натпревар, но долго се мачеа да го скршат отпорот на мотивираните гостински ракометари. За момент Македонија делуваше блиску до пораз, но предводени од Митев и од Томовски нашите ракометари направија целосен пресврт и стигнаа до победата.
Кога игра Македонија никогаш не може да е мирно и здодевно, но најважно сепак е да се победува, особено во еден ваков подмладен состав за кој секој натпревар е ново искуство…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА