Актуелниот светски првак Германија беше на работ на амбисот и можна елиминација по првата фаза од Мундијалот, но сепак во последен момент стигна до триумф (2-1) против Шведска во второто коло од групата Ф. „Панцирите“ имаа негатива од 0-1, во финишот и играч помалку, но Тони Крос во петтата минута од судиското продолжение постигна прекрасен гол за триумф.
Ола Тоивонен во 32.минута ги шокираше Германците откако излезе сам пред Мануел Нојер и мајсторски го лобуваше за водство. Марко Ројс израмни на самиот почеток од второто полувреме, а Германија долго го бараше победничкиот гол. Боатенг заработи црвен картон во финишот, а Џулијан Брант во судиското продолжение го погоди дирекот од голот на Швеѓаните.
И на самиот крај, во петтата минута од судиското продолжение, по прекин, Тони Крос изведе мајсторија и донесе триумф за Германија од 2-1.
#GermanyvsSweden 1-1 #Sweden – Reus gives #Germany a #WorldCup2018 lifeline #ALLSUE #KORMEX #FortBoyard #Neuer #Suédois #Toivonen #Joachim #Low #Reus #Kroos #Draxler #DieMannschaft #Germany pic.twitter.com/kzLu1ZOgv2
— Fashion and Styles (@FashionBakir) June 23, 2018
GOAALLL!! Instant impact from Germany to equalise after the restart as a cross from the left is bundled home by Reus’ left knee.#GER #GERSWE #WorldCup pic.twitter.com/Qkk15cJUkJ
— ITV Football (@itvfootball) June 23, 2018
GOAALLL!!!! A late, late winner for Germany as Toni Kroos bends in a brilliant free-kick!#GER #SWE #GERSWE #WorldCup pic.twitter.com/Kt6yUs51Jt
— ITV Football (@itvfootball) June 23, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА