Спектакуларен натпревар со многу шанси, многу одбрани на голот, борба и трчање одиграа Манчестер Сити и Реал Мадрид. Како што и се очекуваше, беше неизвесно до самиот крај, а „кралевите“ на крајот дојдоа до голема победа од 2-3, откако губеа на двапати.
Заслужено слави тимот на Карло Анчелоти, откако имаше повеќе шанси, повеќе од играта, но и Сити не остана должен. Се тресеа и мрежите, се тресеа и пречките, а победникот беше решен во судиското надополнување.
Почетокот на мечот му припадна на гостинот, а откако шанси промашија Мбапе и Менди, следуваше водство за Сити. Халанд по асистенција на Гвардиол успеа да донесе предност за „Граѓаните“.

Мбапе во 60. минута искористи грешка на одбраната на домашните, и успеа да донесе израмнувае. Реал Мадрид продолжи да креира шанси, а потоа одново Халанд, овојпат од пенал успеа да донесе предност за Сити.
Сепак, во последните минути два шока за англискиот тим. Најпрво во 86. минута Брахим Дијаз успеа да израмни. И кога се чинеше во Мадрид ќе се почнува „од почеток“, Белингем во последната минута од натпреварот успеа да ја искористи асистенцијата на Винисиус и да слави голема победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

