Најочекуваниот натпревар од групата „Ф“ на Светското првенство донесе фантастична средба помеѓу Шведска и Шпанија која заврши со драматично реми од 29-29 во натпревар во кој Швеѓаните имаа позитива и од седум голови.
Шведска беше далеку подобриот противник во првото полувреме. Со серија од 5-0 стигна до висока предноста која ја задржа и на полувремето (16-11) и покрај тоа што во еден момент имаше предност и од седум голови. Швеѓаните предноста ја одржуваа и во поголемиот дел од вторите 30. минути, но Шпанците се погрижија да нема мирен финиш на средбата.
Од минута во минута Шпанците ја топеа негативата па не само што се вртија во игра, туку успеаја и да стигнат до изедначување и тоа со гол на Душебајев во последните секунди од средбата.
Со ова реми и Шпанија и Шведска во следната фаза пренесуваат по три бодови во новоформираната група „3“. Во следната фаза се пласираше и Чиле кој претходно славеше со Јапонија со 31-26.
Од групата „Г“ како првопласирана со сто отстотен учинок во следната фаза преминува Исланд кој славеше со убедливи 18-23 против Словенија. Во следната фаза е и репрезентацијата на Зеленортски острови која го доби дуелот против Куба со 38-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

