Рафаел Надал потврди дека се уште може да игра на највисоко ниво откако шпанскиот ветеран славеше во полуфиналето во Баштад против Дује Ајдуковиќ со 2-1 во сетови, за свое прво финале по две години пауза. Последното финале на еден турнир Надал го играше на Ролан Гарос во 2022 година, а Шпанецот покажа и физичка и ментална сила стигнувајќи до триумф денеска, помалку од 24 часа по драматичното четвртфинале во кое по речиси четири часа игра го совлада Наноне.
Денешната полуфинална пресметка почна во знакот на Ајдуковиќ, кој најпрвин го доби првиот сет, а потоа и стигна до брејк на стартот од вториот. Надал уште еднаш покажа дека никогаш не треба да биде отпишан, Шпанецот заигра во својот препознатлив ритам од најдобрите денови во кариерата и лесно стигна до пресврт, добивајќи го сетот со 6-3.
Рафа потоа фуриозно го почна и вториот сет, правејќи два брејка за водство од 3-0, но Ајдуковиќ возврати со иста мера и израмни на 3-3. Сепак, Надал беше најдобар кога беше најпотребно, одговори со нов брејк и го доби решавачкиот сет со 6-3 за свое прво финале во 2024 година.
Ривал во мечот за трофејот на шпанската тениска легенда ќе биде подобриот од дуелот Тиранте – Боргес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

