Вардар се закити со нов куп-трофеј откако во драматичното финале во Кавадарци славеше над Еурофарм Пелистер, со голот што во последните секунди го постигна Филип Талески.
Годините минуваат, но едно непишано правило останува исто – Вардар никогаш не смее да се отпише, дури и кога губи со пет гола разлика на 12 минути до крајот. Лекцијата што ја научи Барса на Ф4 во Келн денеска ја учеа и ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои веруваа дека се толку блиску до трофејот, но потклекнаа кога беше најважно.
Битолчани напредуваат од година во година, но се уште се во исчекување на исполнување на желбата – преземање на тронот од „црвено-црните“, во првенството или во националниот куп.
А Вардар со ваков карактер, со Стоилов и Дибиров како лидери, но и со фантастичниот Талески и стабилниот Томовски, има потенцијал за да продолжи да доминира на домашната ракометна сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА