Никогаш посилни: Словенците со моќен центар крај Дончиќ на Евробаскет 2025

Словенија ќе делува моќно на претстојното Европско првенство што ќе стартува за два месеца, откако беше обелоденето дека Лука Дончиќ ќе има огромна помош со врвно име во борбата под обрачите.

Џош Нибо настапуваше за Словенија на предолимпоските квалификации на кои оваа селекција не успеа да стигне до олимписки билет, но одличниот центар веднаш „кликна“ со Лука Дончиќ формирајќи тандем од кој ривалите со право стравуваа. Екс-кошаркарот на Макаби имаше кошмарна сезона во дресот на Олимпија Милано проследена со бројни повреди, Словенците стравуваа дека тој нема да може да настапи летово, но првиот човек на федерацијата, Матеј Ерјавец, донесе одлична вест.

„Веќе нема никаква дилема или несигурност. Нибо  здрав и е подготвен, тој ќе биде овде од првиот ден на подготовките и ќе биде дел од репрезентацијата за претстојното европско првенство“, истакна Ерјавец.

Словенија е дел од групата Д на Евробаскет 2025 и за ривали во првата фаза ќе ги има селекциите на Франција, Исланд, Полска, Белгија и Израел.

Се вчитува...