„Никогаш повеќе нема ништо да слушнеме од Михаел Шумахер“

Состојбата на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер останува непозната со оглед на малиот број на информации споделени од неговото семејство.

Во морето на гласини се појави уште една, овој пат дадена од страна на стручњакот за мотоспорт, Крејг Скарборо кој даде изјава потпирајќи се на извор близок до Германецот.

„Разговарав со некој кој му е многу, многу близок и ми објасни дека никогаш повеќе нема да слушнеме од Михаел Шумахер. Тој е во удобна позиција колку што е можно со неговата здравствена состојба“, изјави Скарборо кој откри и добра вест дека Шумахер неодмана станал и дедо откако се породи неговата ќерка Џина.

Се вчитува...