Никогаш повеќе „Неверкузен“, шампион на Бундеслигата е Баер Леверкузен

Фантастичната сезона Баер Леверкузен ја овековечи со прва, историска шампионска титула во Бундеслигата по 119 години и тоа освоена со стил на пет кола пред крајот на сезоната. Клубот кој што го нарекуваа „Неверкузен“ по денешната победа од 5-0 над Вердер Бремен никогаш повеќе нема да слушне за овој прекар.

Голеадата на домаќините започна уште во 25. минута преку Бонифејс кој реализираше од белата точка, а продолжи во 60. минута со голот на Џака. Од 68. минута, преку 83. до 90. минута се на стадионот беше во знакот на Вирц кој постигна хет-трик кој ќе го памети до крајот на животот.

 

Се вчитува...