Екипите на Кожуф и на Беласица одиграа пријателски натпревар во чест на Ѓорѓе Џонов, поранешниот фудбалер кој почина пред неколку дена губејќи ја битката со тешката болест.
Тој како играч ги бранеше боите и на Кожуф и на Беласица, па фудбалерите на двата клуба пред мечот се фотографираа со транспарент во чест на Ѓорѓе Џонов.
Дуелот заврши со триумф на струмичани од 1-4, а стрелци на головите за Беласица беа Симевски (два), Коцев и Митевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

