Кошаркарскиот клуб Кожув ја продолжи традицијата со организација на меморијален турнир во чест на прерано починатиот младински кошаркар на овој клуб Иван Пенов кој го загуби својот живот на 18-годишна возраст во сообраќајна несреќа.
Во салата „26ти Април“ денеска беа одиграни два пријателски натпревари на кои „црвено-белите“ се сретнаа со Спортисимо и МЗТ Скопје.
„Што и да изјавиме за тебе малку е.. Почивај во мир златно детенце! Твоите соиграчи,тренери,другари вечно ќе те паметат!! Ќе ечи од грлата на ФАНТОМИТЕ Пена ти си дете фантомско!! Гевгелија секогаш ќе те сеќава!! Се надеваме дека не гледаш некаде од зад облаците и се гордееш со твоите другари и соиграчи кои прават се за твоето име никогаш да не се заборави.. Во нашите срца ќе живееш вечно и засекогаш ќе останеш дел од нас, како на терените така и на трибините…
Денешната победа ти ја посветија тебе ангелу наш непреболен..Со огромна желба за победа покажаа колку им значиш и каков белег остави на младинската кошарка во Гевгелија…НИКОГАШ ЗАБОРАВЕН!ОД СРЦЕ ЗА ПЕНА!“, стои во објавата на КК Кожув на социјалната мрежа „Фејзбук“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА