„Никогаш задоволен“ – погледнете што правеше Гвардиола додека неговите играчи славеа (ВИДЕО)

Додека фудбалерите на Манчестер Сити ја славеа важната победа против Вест Хем Јунајтед од 3-0 со која се вратија на врвот на Премиерлигата, натпреварот не беше завршен за Јошко Гвардиол.

Камерите ги „уловија“ Гвардиола и Гвардиол во разговор на кој шпанскиот стратег видно му објаснуваше тактички замисли на хрватскиот репрезентативец покажувајќи на линиите на теренот.

Снимката веднаш стана вирална на социјалните мрежи каде се појавија и лавина на интересни коментари. Еден од нив беше и „Никогаш задоволен“, што јасно дава дознаење за пристапот на еден од најдобрите тренери во историјата.

Се вчитува...