Никој друг како Ајакс – буквално ја поделија титулата со навивачите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајакс ја продолжија доминацијата на домашната сцена откако го освоија и 35. трофеј во Првата лига на Холандија, но овие вести и не се толку ударни колку што е веста дека клубот од Амстердам се одлучи да направи еден феноменален потег со кој ќе им се оддолжи на навивачите за сите години поминати заедно.

Имено, трофејот наменет за првакот на Холандија беше стопен, а од него направени 42 илјади мали ѕвезди кои клубот ќе ги испрати до сопствениците на сезонските билети.

„Празни трибини, без навивачи и навивање… сезоната 2020/2021 беше екстремно чудна. На играчите и на персоналот тоа им недостасуваше, но на крајот повторно постанавме шампиони и тоа не натера да размислите „Зошто не би го поделиле трофејот“. Навистина мислам на делење на трофејот. Навивачите на Ајакс се дел од успехот на клубот. Тоа е 35. титула на државен првак. Ќе добијат дел од трофејот како знак на благодарност и почит кон поддршката која ја имавме. Навивачи на Ајакс, 35. титила е ваша“, изјави гернералниот директор на клубот, Ервин ван дер Сар.

Се вчитува...