Никој како Баерн Минхен: Го имаат најдобриот старт во историјата на ТОП 5 лигите

Баерн Минхен синоќа со 4-0 го совлада тимот на Бриж во третото коло во Лигата на шампионите, и така влегоа во историјата на фудбалот, барем кога станува збор за ТОП 5 лигите во Европа.

„Баварците“ станаа првиот тим кој успеал да ги добие сите први 11 натпревари во сите натпреварувања. Тоа му нема успеано на ниту еден друг тим во најсилните лиги во Европа како што се Серија „А“, Бундеслигата, францускаа Лига 1, англиската Премиерлига и шпанската Ла Лига.

Баерн Минхен ги доби натпреварите против Лајпциг, потоа Визбаден во Купот, па Аугсбург и Хамбургер во домашното првенство, Челси во ЛШ, Хофенхајм и Вердер во Бундеслигата, потоа го доби и мечот против Пафос, па победи против Ајнтрахт и Борусија Дортмунд, и сега против Бриж.

Се вчитува...