Со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Токио, Дани Алвеш повторно стана најтрофејниот фудбалер во историјата на оваа игра.
Легендарниот бразилски дефанзивец неколку пати дојде до првото место на оваа вечна листа, но повремено го престигнуваа играчи како Лионел Меси или Андрес Иниеста.
Не е исклучено тоа да се повтори, но на Алвеш мора да се даде признание, бидејќи на 38-годишна возраст го доведе Бразил до ново, второ олимписко злато. Во исто време, Алвеш стана најтрофејниот фудбалер во историјата на фудбалот со 38 освоени титули.
Зад него се Иниеста и Лео Меси со по 37, а треба да се верува дека Аргентинецот во дресот на Пари Сен Жермен ќе успее да го надмине тој рекорд, но засега, неговиот поранешен соиграч е во центарот на вниманието. На четвртото место е Жерар Пике со 35, а потоа следуваат Рајан Гигс, Максвел, Далглиш, Бускетс, Виктор Баија, Чави и Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА