Емре Белозоглу го постигна израмнувачкиот погодок за Фенербахче на гостувањето против Генчлербирлиги, гол со кој турскиот ветеран си обезбеди место во фудбалската историја како прв играч што успеал да постигне голови во четири различни децении.
Емре, кој е роден во септември 1980 година, првиот гол го постигна како тинејџер на 1 март 1998 година на дуелот против Бешикташ. Како што минуваа годините, тој редовно се запишуваше меѓу стрелците носејќи го дресот на Галатасарај, Фенербахче и Башакшехир во Турција, но и на Њукасл, Атлетико Мадрид и на Интер во интернационалната кариера.
Денешниот гол за историја беше ремек-дело достојно на овој фудбалски генијалец, кој со левата нога од работ на шеснаесетникот ја смести топката во горниот агол од голот на Генчлербирлиги.
Gemisini kurtaran kaptan Emre Belözoğlu… pic.twitter.com/ajGhFklWzJ
— Tarihte Fenerbahçe (@TarihFBahce) July 7, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА