Никој како Франција: Триколорите стигнаа до полуфинале на ЕП без ниту еден гол од игра

Франција ќе се сретне со Шпанија во полуфиналето од Европското првенство во Германија откако по изведување на пенали славеше над Португалија со 5-3. Французите испишаа историја на континенталните собири откако станаа првата репрезентација во историјата која без гол од игра стигна меѓу четири најдобри.

Тие во првото коло победија со 1-0 со автогол против Австрија. Потоа одиграа 0-0 со Холандија, а на мечот со Полска кој заврши 1-1 стрелец беше Мбапе од пенал. Во осминафиналето Франција славеше над Белгија со автоголот на Вертонген.

Се вчитува...